Germany-USA 2 (1.45)
Денес продолжуваат натпреварите од Светското Првенство во хокеј на мраз.Наш избор е натпреварот Германија-САД, а типуваме на САД.
Германија се наоѓа на предпоследната позиција во групата и на последните 5 натпревари имаат една победа во регуларниот дел против Летонија со 3:2 и четири порази во регуалрниот дел (Русија 3:0,Белорусија 5:2,Швајцарија 3:2,Финска 0:4).
Од друга страна САД се наоѓа на втората позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи во регуларниот дел (Финска 3:1,Швајцарија 3:2),една победа во продолженијата против репрезентацијата на Казахстан со вкупен резултат 4:3 и два порази во регуларниот дел (Летонија 5:6,Русија 6:1).
И традицијата е на страна на САД,кои на последните 11 меѓусебно одиграни натпревари против Германија имаат 7 победи,2 нерешени натпревари и 2 порази.
Danmark-Slovakia 2 (1.6)
Друг интересен натпревар за типување од Светското Првенство во хокеј е натпреварот Данска-Словачка.Според нас во овој дуел би требало да победат словаците.
Репрезентацијата на Данска се наоѓа на предпоследната позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа во регуларниот дел против Италија со 1:4,една победа на пенали против Чешка со вкупен резултат 4:3 и три порази во регуларниот дел (Канада 6:1,Норвешка 4:3,Шведска 3:0).
Од друга страна Словачка мора да победи за да се пласира во плејофот,а моментално се наоѓа на 5-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи во регуларниот дел (Италија 4:1,Норвешка 5:2) и три порази во регуларниот дел (Шведска 3:1,Франција 3:5,Канада 4:1).
Според традиција пак овие две репрезентации се изедначени со по три победи.