Sevilla-Elche 1 (1.8)
Денес се затвара 38-то коло,а со тоа и овогодинешната сезона во шпанската Примера.Наш избор е последниот натпревар помеѓу Севиља и Елче,а типуваме на домаќинот.
Севиља годинава имаше одлична сезона освојувајќи ја Лига Европа,а во домашното првенство мометално се наоѓа на 5-та позиција,место кое носи во групната фаза од Лига Европа.Со евентуален триумф Севиља нема да мора да игра квалификациски натпревари за пласман во Лига Европа,а на последните 5 натпревари имаат две победи (Гранада 4:0,Бетис 0:2),еден нерешен и без голови натпревар со Виљареал и два порази (Гетафе 1:0,Атлетик Билбао 3:1).
Од друга страна екипата на Елче се наоѓа на 14-та позиција и изборен опстанок,а на последните 5 натпревари имаат една победа против Малага со 0:1,два нерешени натпревари (Барселона 0:0,Леванте 1:1) и два порази (Атлетико Мадрид 2:0,Валенсија 2:1).
И според традиција за нијанса е подобра Севиља,на последните 3 меѓусебно одиграни натпревари против Елче имаат една победа и два нерешени натпревари.
Canada-Sweden 1 (2.0)
Попладнево продолжуваат натпреварите во рамките на Светското Првенство во хокеј на мраз.Наш избор е натпреварот Канада-Шведска,а типуваме на Канаѓаните.
Репрезентацијата на Канада се наоѓа на втората позиција веднаш зад Шведска,а на последните 5 натпревари имаат 4 победи во регуларниот дел (Италија 6:1,Данска 6:1,Чешка 3:4,Словачка 4:1) и пораз на пенали од репрезентацијата на Франција со вкупен резултат 3:2.
Од друга страна репрезентацијата на Шведска се наоѓа на првата позиција и на последните 5 натпревари имаат 4 победи во регуларниот дел (Словачка 3:1,Франција 2:1,Норвешка 1:2,Данска 3:0) и една победа на пенали против Чешка со вкупен резултат 4:3.
И традицијата е на страната на Канада,која против Шведска на последните 10 натпревари имаат 6 победи и 4 порази,а и да не го заборавиме оној триумф на Канада на Олимписките Игри во Сочи со 3:0 и не гледаме причина зошто тој триумф да не се повтори и попладнево.