Middlesbrough-Birmingham 0-2 голови (1.8)

Вечерва се игра 41-то коло од англиската Чемпионшип лига,наш избор е натпреварот помеѓу екипите на Миделзброу и Бирмингем.На овој натпревар не може да се знае кој ќе победи,но со сигурност знаеме дека нема да има многу голови,знаејќи го фактот дека Миделсброу од последните 16 натпревари дури на 14 има скор со 0 до 2 голови.

Миделсброу се наоѓа на 13-та позиција и од последните 5 натпревари 3 има со скор 0 до 2 голови (Дерби 1:0,Брајтон 0:2,Борнемоут 0:0).

Од друга страна пак екипата на Бирмингем се наоѓа на 18-та позиција и е за 180 степени различна во скорот од својот противник денес,така да на последните 5 натпревари имаат скор од 3 или повеќе голови.

И традицијата го кажува спротивното,имено овие две екипи на последните 13 натпревари давале по 1.6 односно 1.7 голови по натпревар.

Нивниот последен меѓусебен дуел на теренот на Миделзброу заврши со резултат 0:1 во корист на гостите.

Nottingham-Sheffield Wed 1 (2.0)

Друг интересен натпревар за типување е натпреварот помеѓу Нотнгем и Шефилд Венздеј,а типуваме на домаќинот.

Нотингем се наоѓа на 7-та позиција и со шанса за разигрување и пласман во Премиер лигата.На последните 5 натпревари има два нерешени натпревари (Ипсвич 1:1,Донкастер 0:0) и три порази (Милвол 1:2,Чарлтон 0:1,Дерби 5:0).

Од друга страна екипата на Шефилд се наоѓа на 14-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи (Брајтон 1:0,КПР 3:0) и три порази (два во низа)(Лестер 2:1,Ватфорд 1:4,Донкастер 1:0).

И традицијата е на страна на екипата на Нотингем која на последните седум натпревари има 5 победи,еден нерешен натпревар и еден пораз од екипата на Шефилд.

Нивниот последен натпревар е одигран на теренот на Шефилд,а заврши со победа на Нотингем со 0:1.

 

Ohridnews