AZ Alkmaar –Ajax ГГ и 3+ (1.8)

Вечерва се игра другото полуфинале од холандскиот куп,а играат АЗ-Ајакс. Тука е тешко да се каже кој ќе победи,но сигурно би требало да паднат 3 или повеќе голови.

АЗ на последните 5 натпревари во лигата има дури 5 натпревари со скор 3 или повеќе од кој последните два натпревари се со скор ГГ и 3+.

Од друга страна Ајакс на последните 5 натпревари имаат 3 натпревари со скор 3 плус,но само еден натпревар со ГГ и 3+.

И традицијата е на страна на нашиот тип.Имено овие две екипи имаат одиграно 28 меѓусебни натпревари,кадешто АЗ Алкмар давале по 1.7 голови по натпревар,а Ајакс давеле по 2.3 голови по натпревар.

Real Sociedad-Valladolid 1 (1.5)

Вечерва во шпанската Примера се затвара 30-то коло,а честа ја имаат Реал Сосиедад и Ваљадолид. Според нас подобри се домаќините кои се борат за излез во Европа догодина,а на последните 5 натпревари имаат две победи (Валенсија 1:0,Барселона 3:1) и три порази (Алмерија 4:3,Ваљекано 2:3,Севиља 1:0).

Од друга страна Ваљадолид игра за опстанок и на последните 5 натпревари имаат една победа против Барселона со 1:0,три нерешени натпревари со екипите на Малага,Ваљекано и Леванте со идентични 1:1 и пораз од екипата на Севиља со 4:1.

Сосиедад на последните 28 натпревари дома не се поразени на 26,а триумфирале и на 7 од 8 последни меѓусебни натпревари одиграни дома против Ваљадолид.
 

Ohridnews