Chicago-Nashville 1 (1.75)

Вечерва се игра 67-коло во американската NHL лига, а наш избор е натпреварот Чикаго-Нешвил. Екипата на Чикаго Блекхокс се наоѓа на 5-та позиција во западната конференција и со само 9 бодови разлика од лидерот СТ.Луис Блуз,а на последните 5 натпревари имаат 3 победи во регуларниот дел (Бафало 1:2,Колумбус 6:1,Питсбург 5:1) и 2 порази од екипата на Колорадо исто во регуларниот дел со резултат (3:2,2:4).

Од друга страна пак екипата на Нешвил се наоѓа на 12-та позиција во западната конференција и на последните 5 натпревари има една победа во регуларниот дел против екипата на Бафало Сабрес со резултат 1:4,една победа во продолжение со екипата на Отава со резултат 3:4 и 3 порази во регуларниот дел (Колумбус 0:1,СТ.Луис 1:2,Питсбург 1:3).

Вечерва останува да видиме дали Чикаго ќе ја оправда улогата на фаворит и ќе им се приклучи на лидерите на западот.

Winnipeg-NY Rangers 2 (2.45)

Друг интересен наптревар за типување од најјаката лига во светот е натпреварот помеѓу екипите на Винипег и Њу Јорк Ренџерс.

Екипата на Винипег е во огромна криза и е без победа на последните 5 натпревари,а имаат 2 порази во регуларниот дел (Отава 3:5,Лос Анџелес 1:3),два порази во продолжение (Колорадо 3:2,Њу Јорк Исландерс 2:3) и еден пораз на пенали со екипата на Ванкувер со резултат 2:3.

Од друга страна пак Ренџерси играат во источната конференција и се наоѓаат на 7-та позиција,а на последните 5 натпревари имаат 2 победи во регуларниот дел (Детроит 3:0,Каролина 2:4),еден пораз во продолжение со екипата на Торонто со резултат 2:3 и 2 порази во регуларниот дел (Минесота 2:1,Каролина 3:1).

Ohridnews