Osasuna-Malaga 1 (2.35)
Вечерва во шпанската Примера Дивизион се доигрува 27-то коло.Играат Осасуна и Малага,а според нас подобри се домаќините.
Осасуна во последните 5 натпревари имаат 2 победи (Атлетико Мадрид 3:0,Гетафе 2:0),1 нерешен натпревар со екипата на Елче со резултат 0:0 и 2 порази (Леванте 2:0,Виљареал 3:1).
Екипата на Малага пак на последните 5 натпревари има една победа со Севиља со резултат 3:2,2 нерешени натпревари (Ваљадолид 1:1,Алмерија 0:0) и 2 порази (Реал Сосиедад 0:1,Рајо Ваљекано 4:1).
Според традицијата за нијанса подобра е екипата на Малага со 5 победи,9 нерешени натпревари и 4 порази во дуелите со Осасуна.
Осасуна во овој дел е поконкретна за разлика од својот ривал денеска и очекуваме триумф и скок од 2 места на табелата за екипата на Осасуна.
Real Sociedad-Rayo Vallecano 1 (1.5)
Другиот и последен натпревар за 27-то коло е натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Рајо Ваљекано. Тука би требало до лесни 3 бодови да дојдат домаќините.
Екипата на Сосиедад се наоѓа на 6-та позиција,а тоа е последната позиција за излез во европските натпреварувања,а на последните 5 натпревари имаат 2 победи (Барселона 3:1,Малага 0:1),1 нерешен натпревар со екипата на Леванте со резултат 0:0 и 2 порази (Севиља 1:0,Атлетико Мадрид 4:0).
Од друга страна пак екипата на Рајо Ваљекано се наоѓа на предпоследната позиција и се бори за опстанок,а на последните 5 натпревари е со идентичен скор како својот противник 2 победи (Валенсија 1:0,Малага 4:1),1 нерешен натпревар со екипата на Леванте со резултат 0:0 и 2 порази (Севиља 0:1,Барселона 6:0).
Според традицијта овие две екипи се изедначени со по 3 победи и 3 порази. Останува вечерва да видиме дали екипата на Реал Сосиедад ќе ја оправда својата улога на фаворит и ќе си го трасира патот кон европските натпреварувања.
Ohridnews