Roma-Inter 1 (1.7)

Вечерва во 20.45 се игра 26-то коло во италјанското Калчо,а играат Рома-Интер. Наш избор е екипата на Рома која се наоѓа на 2-рата позиција со 6 бода негатива во однос на првиот Јувентус,но и со натпревар помалку.

Рома во последните 4 натпревари е без пораз со 3 победи (Болоња 0:1,Сампдорија 3:0,Верона 1:3) и 1 нерешен натпревар со екипата на Лацио со резултат 0:0.

Од друга страна Интер се наоѓа на 5-та позиција и во последните 5 натпревари имаат 2 победи (Фиорентина 1:2,Сасуоло 1:0),2 нерешени натпревари (Каљари 1:1,Катаниа 0:0) и 1 пораз од екипата на Јувентус со резултат 3:1.

Традицијата пак е на страна на Интер со 15 победи,13 порази и 9 нерешени натпревари. Годинава Рома е во подем и би требало денес да ја оправда фаворитската улога против денешниот противник.

Southampton-Liverpool 2 (2.1)

Во англиската Премиер денес се игра 28-то коло,а наш избор е екипата на Ливерпул,која би требало да се реваншира за оној незгоден пораз во есенскиот дел од страна на екипата на Саутемптон со резултат од 1:0.
Ливерпул не е истата екипа од тогаш и во мометов го имаат најјакото напаѓачко дуо Суарез-Стариџ,а на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Свонси 4:3,Фулам 2:3,Арсенал 5:1,Евертон 4:0) и 1 нерешен натпревар со екипата на ВБА со резултат 1:1.

Од друга страна пак екипата на Саутемптон која во есенскиот дел го помина повеќето време на 3-та позиција сега се наоѓа на 9-та позиција и е во опаѓачка форма.Во последните 5 натпревари имаат 2 победи (Хал 0:1,Фулам 0:3),2 нерешени натпревари против екипите на Стоук и Арсенал со идентичен резултат 2:2 и 1 пораз од екипата на Вест Хем со резултат 3:1.

Традицијата пак е на страна на Саутемптон кој имаат 4 победи и 2 порази во меѓусебните дуели со Ливерпул. Oстанува да видиме дали вечерва Ливерпул ќе ја оправда својата улога и ќе се измеша со водечкото трио.

„Макфакс“