Во само пет дена Охрид беше зафатен од две силни краткотрајни невремиња. Најпрвин на 9 јуни во Охрид за кусо време наврнаа дури 28 литри вода на метар квадратен поради што во одредени води се формира порој а водата која не можеше да ја апсорбира канализациониот систем предизвика помали проблеми во пониските делови од градот.
Како последица на невремето следниот ден во месноста Билјанини извори се сруши високо дрво, а предизвикана беше материјална штета.

Веднаш по невремето екипи на јавното комунално претпријатие излегоа на терен и ги санираа последиците од силниот порој кој ги извалка охридските улици.
OhridNews












