Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација викендов учествуваше на Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар за деца до 14 години „Плевен Опен 2025″.

Боите на М.Т.Т.Ф под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски, оваа година ги бранеа пет натпреварувачи, еден натпреварувачи од Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид и четири натпреварувачи од Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево-Струга кои се натпреваруваа само во една дисциплина, спаринг/борби.

И покрај силната конкуренција, тие постигнаа одличен успех, освојувајќи два сребрени и еден бронзен медал. Огромно задоволство ми е кога ќе видам како нашите млади натпреварувачи стануваат борци и уште од мали нозе даваат се од себе за да освојат медал од вакви квалитетни натпревари, пред се покажувајќи храброст и пожртвуваност од мали нозе, достојно претставувајќи ги боите на Македонија. Исто така ме радува што имаме млади генерации кои ветуваат светла иднина за нашиот спорт и кои се пример за нивните генерации како треба достојно да се претставува нашата државата, вели Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф.

Христијан Шибакоски, посочува, покажа извонредна храброст и пожртвуваност и до финалето имаше победи над тројца домашни натпреварувачи, додека во финалето тесно загуби во втората рунда, со што го загуби и првото место.

Со овај медал Христијан е поблиску до исполнување на критериум за учество на Европско првенство, што се надеваме дека ќе успее преку наредните меѓународни натпревари. Кристијан Гагалески исто така на десетгодишна возраст покажа извонредна храброст и пожртвуваност, после тешкото полуфинале, финалето тесно го загуби од домашниот натпреварувач, се закити со сребрен медал. Неговиот клубски другар Теодор Ѓорески, по победата во четвртфиналето, во полуфинале загуби од домашниот натпреварувач со што се закити со бронзен медал, потенцира Лазаревски.

Без медал, додава, но со добро искуство, останаа Максим Шулески и Дамјан Секулоски, кои се натпреваруваа во категорија деца 8-9 години и за нив самото учество на ваков натпревар е огромен успех.

Лазаревски упати огромна благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, Општината Охрид и Министерството за Спорт кои, вели, го подржуваат спортот и ги потикнуваат за нови успеси.

Осовјувачи на медали се:

  • Христијан Шибакоски, сребрен медал спаринг/борби -40 кг, кадети 12-13 години, член на Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид.
  • Кристијан Гагалески, сребрен медал, спаринг/борби -30 кг, кадети 10-11 години, член на Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево-Струга.
  • Теодор Ѓорски, бронзен медал, спаринг/борби -40 кг, кадети 10-11 години, член на Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево-Струга.

OhridNews