Сторителот во наведениот период со подесен предмет го отворил прозорецот на помошниот објект, влегол внатре и од цистерната ја извадил нафтата која се користела за греење во училиштето, а од соседната просторија ги одзел другите предмети и се оддалечил.
Според проценката сторителот на кражбата се стекнал со имотна корист од околу 154. 000 денари.
Струшката полициска станица превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко информира дека и покрај кражбата, училиштето располага со доволно количество гориво за непречено одвивање на наставата. Мерко изрази надеж дека надлежните органи набргу ќе го откријат сторителот.