Два турски авиони за гаснење пожар „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјава.

Двата турски „ер трактори“ заедно со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе интервенираат на пожарот во општина Ново Село, а еден полициски хеликоптер рано утрово веќе започнал со гасење на пожарот на планината Серта, а набргу на него се очекува да му се приклучи и еден армиски хеликоптер и турскиот хеликоптер.
Ангелов вели дека денес фокусот ќе биде ставен на овие два пожара. Се гаси и од земја со значителен број на пожарникари, претставници од ловните друштва, месното население и припадниците на Армијата и Едницата за брзо распоредување при МВР.
Се работи за исклучително тежок терен каде има бујна вегетација што го отежнува движењето на луѓето по терен така што многу е тешко да се дојде до горливите точки. Во текот на вчерашниот ден, благодарение на припадниците на Армијата, успеавме да изгаснеме неколку критични точки, а помогнаа и припаднциите од Единицата за брзо распоредување при МВР. Денес на помош повторно имаме 103 припадника на македонската Армија и 30 припадници од Единицата за брзо распоредување на МВР, изјави Ангелов.
Како што најави Ангелов, се договара дополнителна помош во воздухоплови.
Во земјава е прогласена кризна состојба во траење од 30 дена, а утринава од ЦУК информираа дека активни се девет пожари.
OhridNews










