Два земјотреси беа почувствувани за кус период и ги вознемирија жителите на Охрид.

Вечерва, триесет минути пред 20 часот, во Охрид почувствуван е  земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтер. Епицентарот на земјотресот е во близина на Охрид помеѓу планината Петрино и Илинска планина на длабочина од два километри.

Во непосредна близина попладнево во 17:18 часот беше регистриран уште еден земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтер.

OhridNews

Регистриран земјотрес со епицентар во Охрид