Дваесет и шест возачи во Охрид вчера биле санкционирани за брзо возење информираат од СВР Охрид.
На 05.03.2023 година од 12 до 18 часот, при спроведени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 49 возачи на моторни возила кои, ја надминале дозволената брзина на движење. Од нив во Охрид 26, Кичево 22 и во Дебар еден, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Против нив, додава Димоски, поднесени се соодветни платни налози.
OhridNews












