Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „поло“ со струшки регистарски ознаки, при што било утврдено дека возачот го управувал возилото без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Во билтенот на СВР Охрид, викендов евидентиран уште еден ваков случај во Кичево каде полицијата привела 21-годижен граѓанин.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал возилото без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.

Утрово, пак, во 01:40 часот, во Општата болница во Струга приведен бил 59-годишен жител на струшкото село Делогожда, кој претходно, со викање и агресивно однесување кон медицинските лица, го нарушил јавниот ред и мир и ја загрозил нивната сигурност.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При преглед извршен на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, полициските инспектори кај него пронајдоа кокаин, по што беше лишен од слобода.

OhridNews