Нашите атлетичари се вратија со 8 медали од кои 3 златни, 4 сребрени и 1 бронзен медал. Во машка конкуренција Методија Велков освои 2 златни медали во дисциплините фрлање ѓуле(5 кг) и фрлање диск(1.75 кг), Александар Ајкоски освои 1 сребрен медал во дисциплината 400 метри.
Додека во женска конкуренција Мартина Мироска освои 2 сребрени медали во дисциплините 100 метри и скок во височина. Ивона Димитриеска освои 1 златен медал во дисциплината 100 метри со пречки и 1 сребрен медал во дисциплината скок во височина. Сара Цветаноска освои 1 бронзен медал во дисциплината скок во далечина.
Ова првенство воедно беше и изборен натпревар за учество на Меѓународен Атлетски Митинг кој ќе се одржи утре во Русе, Бугарија. За Бугарија отпатуваа двајца наши атлетичари најдобри во својата конкуренција: Методија Велков во машка конкуренција до 17 години и Мартина Мироска во женска конкуренција до 15 години.
Воедно нашиот клуб е во активни припреми за претстојниот натпревар Квалификации за Куп на Р.М. во сениорска конкуренција кој ќе се одржи следниот викенд во Скопје.