Вчера, околу 16,30 часот, од страна на полициските службеници при СВР-Охрид  било интервенцирано во рибарница- ресторан сместен во градскиот пазар, по претходна пријава дека од страна на две лица, физички била нападната вработена во ресторанот.

По увидот на лице место, било утврдено дека станува збор за две лица од охридското село Волино, кои ја нападнале вработената затоа што не ги послужувала со пиење и храна, а ресторанот бил затворен.

При утврдување на идентитетот, едното лице ги омаловажувало полициските службеници и при тоа одбивало да приложи документи за идентификација. Воедно,на еден  од служебниците  му ја скинало вратоврската и три копчиња од службената облека, по што лицето било  совладано и  доведено  во послушност.

Во Полициската станица-Охрид, двете лица се алкотестирани и  е утврдено  присуство на алкохол во крвта, од 1,15 промили, односно 1,41 промили.  Во тек се мерки за расчистување на случајот.

OhridNews