Двајца навивачи на бразилскиот клуб „Палмерасо“ се ранети во пукањето кое се случило по натпреварот против „Коринтианс“ во рамките на бразилското првенство, додека тренерот на клубот „Васко да Гама“ Рикардо Гомез, доживеал срцев удар на натпреварот против „Фламенго“.


До пукањето помеѓу навивачите дошло во градот Приденте, каде што натпреварот помеѓу двата клуба бил игран на неутрален терен поради претходното дивеење на навивачите. Полицијата засега не открива кои се причините за пукањето, ниту пак дали се фатени сторителите. Ранетите навивачи се оперирани и надвор од животна опасност.

Драма се случила и на натпреварот помеѓу клубовите „Васко де Гама“ и „Фламенго“ од истата лига, кога на средината на второто полувреме тренерот на првиот клуб доживеал срцев удар.

“извор Макфакс“
Ohridnews