Основниот суд во Струга денеска ги изрече пресудите во повторениот судски процес за случајот „Пливалиште“. За трагичниот настан во кој од струен удар на отворен шанк кој работел без дозвола загинаа тројца стружани, обвинети беа Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески.
Судот на првообвинетиот Цвете Вранишкоски му изрече казна затвор во траење од три години, додека Климе Миладиноски и Гоце Јанески се ослободени од обвиненијата поради недостиг на докази.
Инаку претходно судот на тројцата обвинети им изрече вкупна затворска казна од 10 години и 4 месеци. На жалба на одбраната во ноември минатата година Апелациониот суд во Битола ја укина оваа пресуда и предметот го врати на повторно судење, кое заврши денеска.
Во трагичниот настан што се случи на 11 септември 2010 година, животите ги загубија д-р Јосиф Докоски, д-р Киро Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески.