Утрово, околу 01,10 часот во Скопје, спроти ТЦ ,,Рамстор“, 10-15 лица физички нападнале двајца охриѓани, при тоа, удирајќи ги со тупаници и кожен ремен по главите и телата, од што нападнатите се здобиле со видливи повреди во вид на расекотина на десното око. Причината за физичкиот напад е непозната.

Од Полициската станица -Центар преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews