Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.  

На 02.12.2017 година во кафе бар во Струга, пријавените постигнале усмен договор за купопродажба на две моторни возила и на лицето со кое се договарале требало да му исплатат 15.000 евра.

На 04.12.2017 година лицето им ги дало клучевите од возилата, но пријавените не ја исплатиле договорената сума, ниту пак, договорот го завериле на нотар,  со што му причиниле материјална штета од 15.000 евра.

OhridNews