Во Полициската станица во Ресен, вчеравечер, околу 22.30 часот, било пријавено дека во хотел во Царев двор–ресенско, каде се одржувала веселба, бил нарушен јавниот ред и мир со масовна тепачка. Во тепачката учествувале двајца охриѓани, од една страна и пет лица од Ресен, како и други лица присутни на забавата, од друга страна.

Со возило на Итна медицинска помош и приватни возила во битолската Општа болница биле пренесени шест лица, при што кај едно од лицата од Ресен биле констатирани тешки телесни повреди (убодна рана во пределот на градниот кош и расекотина во пределот на лицето. Кај останатите пет лица биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот, а информирано е и Основното јавно обвинителство од Ресен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews