Две лица починале од ХИВ оваа година во Македонија. Како што изјави директорот на инфективната клиника во Скопје Звонко Миленковиќ, кај нив ХИВ инфекцијата била доцна откриена и нивните животи не можеле да се спасат и покрај дадената соодветна терапија. Овие лица навреме не извршиле тестирање за ХИВ.
Годинава регистрирани се 33 нови случаи на ХИВ во Македонија, но според Миленковиќ реалниот број е тројнo поголем.
Во моментов во Македонија се регистрирани 308 лица со ХИВ, најголемиот број од нив се хомосексуалци.
OhridNews