Двајца полицајци загинаа во престрелка при терористички напад на авенијата Шанзелизе во Париз. Француската полиција извести дека напаѓачот е убиен. Градските власти им советуваа на жителите и туристите да не одат во овој дел од градот. Засега се знае дека напаѓачите намерно пукале на полициска кола. Париското антитерористичко обвинителство потврдува дека се работи за терористички напад.

Нападот го потврди и претседателот  Оланд кој рече дека се работи за терористички напад. “Исламска држава” ја презеде одговорноста за терористичкиот напад и посочи името на напаѓачот, кој се покажа пристигнаа од Белгија  е Абу Јусеф ал Белџики. Идентитетот на терористот се разликува  со оној  на полицијата. Според властите станува збор за 39-годишен маж од Ливри-Гарган, во Сен-Сен Дени. Тој е познат на силите на редот по својата радикализација и пред некое време нападнал полицајци.
Пукањето се случило околу 21.00 часот по локално време на познатиот париски булевар.

OhridNews