Две лица се полесно повредени во групна тепачка што се случила вечерва нешто пред 18 часот на улицата „Владо Малески“ во Струга.

Како што информираат од СВР Охрид во инцидентот учествувале најмалку 6 лица.

Според првичните информации од истрагата причина за тепачката наводно бил долг на сопственик на градежна фирма кон вработените кои дошле да си ги побараат парите. Притоа настанала вербална расправија која набрзо прераснала во тепачка. Во еден момент сопственикот на фирмата извадил пиштол, кој, како што соопшти полицијата, не го употребил. Набрзо интервенирала струшката полиција која спречила ескалација на инцидентот.

Учесниците во тепачката биле приведени во Полициската станица во Струга која работи на расчистување на случајот.

OhridNews