Две лица се повредени во тепачката што попладнево се случила во центарот на градот. Првично полицијата соопшти дека инцидентот се случил на ул. Јане Сандански“, за подоцна да биде корегирана информацијата дека немилиот настан бил на Кеј „Маршал Тито“.

Како што информираат од СВР Охрид во тепачката  учествувале 4-5 лица. Полицијата засега нема информации дали во тепачката било употребено оружје, иако неофицијално се дознава дека едно лице било повредено со нож.

Инцидентот не се поврзува со политички партии и предизборни активности, а полицијата работи на откривање на мотивите за жестоката пресметка што ја вознемири охридската јавност.

Надлежните органи извршиле увид на местото на настанот, а повеќе информации за немилиот настан СВР Охрид најави за подоцна.

OhridNews