Според информациите од министерството за внатрешни работи, изминатиот викенд, на автопатот Тетово-Скопје, во непосредна близина на село Желино, полициски службеници од тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, запреле возило “Рено меган’’ со охридски регистарски таблици, управувано од 41-годишен стружанец, придружуван од негов 32- годишен сограѓанин.

При преглед на возилото, пронајдени биле девет пакувања со висококвалитетна марихуана, кои биле ставени пред совозачкото и на задното седиште, залепени со бела селотејп лента, а чија вкупна тежина изнесувала 8 килограми и 925 грама .

Пронајдените пакувања, од кои шест биле во полиетиленска вреќа се видео и фотодокументирани и одземени, додека двајцата стружани се приведени и задржани во СВР Тетово.

Тие вчера биле изведени пред Истражен судија на Основниот суд Тетово, кој им определил мерка притвор од 30 дена.

Ohridnews