20-годишно лице од Дојран, вчера, во 4.40 часот утрото, пријавил дека истиот ден околу 04.00 часот во ходникот на Студенскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, тој и неговиот другар, биле физички нападнати од едно лице од Пробиштип, две од Струга и од уште едно непознато лице. Притоа напаѓачите ги удирале со раце и нозе по главите и телата, при што им нанеле видливи повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews