Две лица се убиени, а уште две лица се ранети во оружен инцидент што се случил вечерва во кафе бар во Вевчани.
Неофицијално дознаваме дека инцидентот произлегол од расправија по која едно лице отворило оган со огнено оружје, при што на лице место усмртил еден жител на Вевчани, а уште едно лице подоцна починало од раните добиени во инцидентот.
Други две лица се здобиле со прострелни рани и се пренесени во болниците во Охридско-струшкиот регион.
Повеќе информации за инцидентот кој ги потресе жителите на Вевчани ќе објавиме во текот на утрешниот ден.
OhridNews