Двајца скијачи загинаа, во две одделни лавини кои денеска се случија на француските Алпи, во дел кој бил надвор од скијачките терени. Настраданиот во првата лавина бил извлечен од снегот и пренесен во болница каде починал. Втората лавина се срушила на група скијачи од Белгија, а еден загинал на лице место.

Во трета лавина која се случила во Швајцарија исчезна скијач по кого се уште трагаат спасувачки екипи.

OhridNews