Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска наутро на магистралниот пат Струмица-Радовиш.
До несреќата дошло кога се судриле камион-ладилник и автомобил „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки.
Според неофицијални информации, камионот и пасатот директно се судриле, по што од товарното возило излетала средовечна жена која загинала на лице место, додека во „пасатот“ смртно настрадал совозачот.
Во несреќата едно лице со потешки повреди било итно префрлено во струмичката болнца додека две поминале со полесни повреди. Истрагата треба да утврди како настанала сообраќајката.
OhridNews
Извор:„Макфакс“