
Сашо Гилевски, како командант на вод во 2001-та година, бил еден од првите кои пристигнале кај Вејце откако им било јавено дека патролата е нападната. Тој во изјава за Телма вели дека никогаш нема да ја заборави стравотната слика која ја видел на местото на масакрот.
– Не можам да ви ги опишам тие изживувања кои биле направени над нашите колеги. Јас не знам дали оние кои го направиле тоа се ѕверови или војници. Телата на тројца мои сограѓани од Битола беа запалени и морав да ги гасам со противпожарен апарат, раскажува Гилевски.
Бранителите и членовите на семејствата, денеска во Скопје и Битола положија цвеќе пред спомен обележјата на убиените припадници на безбедносните сили.
Околностите под кои се случи ѕверскиот масакр, до ден денес не се разјаснети.












