За разлика од досегашната практика кога министерот разгледуваше и оценуваше, со воведување на комисијата целта е да се обрне поголемо внимание на програмите на сите кандидати, потенцираат од надлежното министерство.
Комисијата ги разгледува пристигнатите програми, врши селекција, а при тоа ги оценува и стручните квалитети и искуство на кандидатите. Комисијата е должна своето мислење да го достави до министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која треба да ја донесе конечната одлука.
За директорското место на фестивалот Охридско лето пријавени се 12 кандидати: Јованчо Секулоски, Томе Џамтоски, Александра Белевска, Наташа Спасеска, Климент Недевски, Благоја Петковски, Климент Наумов, Васил Ложанкоски, Анита Котеска, Мери Георгиева, Стојан Савески и Климент Неделковски.