Најмалку 12 луѓе се повредени од непозната разорна супстанца фрлена внатре во преполн ноќен клуб во источниот дел на Лондон. По инцидентот, во клубот настанала паника и сите почнале да бегаат.

Сите повредени имаат изгореници по делови од телото, а десетмина од нив биле префрлени во болница. Официјалните лица кажуваат дека станува збор за „силна киселина“, но ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност. Според надлежните, во моментот на настанот, во клубот имало 600 гости.

OhridNews
извор Макфакс