Дванаесетгодишно момче преживеа пад на авион во Индонезија. Момчето е единствениот преживеан во падот на мал авион во сопственост на компанијата Димоним ер во планинскиот регион во индонезиската провинција Папуа, додека шетмина други патници и двајца членови на екипажот загинаа.

Тоа е пронајдено во планнскиот дел во близина на границата со Папуа Нова Гвинеја.

Според спасувачите, детето е префрлено во болница и е свесно.

Исчезнувањето на авионот беше пријавено во текот на вчерашниот ден. Причините за несреќата не се познати.