Во организација на продуцентската куќа “Трето Уво” на 9-ти и 10-ти Август во Античкиот Театар во Охрид, со почеток во 21.30 часот, ќе се одржи дванаесетото по ред издание на традиционалниот музички фестивал Balkan Music Square.
Првата фестивалска вечер ќе ја отвори виртуозот на хармоника Горан Алачки, а по него ќе настапи српската група “Златопис” од Белград, предводена од рок легендата Љуба Нинковиќ.
Горан Алачки
Втората фестивалска вечер ќе ја отвори македонската група „Ла Колони Волвокс“, предводена од Сашо Гигов – Гиш, а веднаш по неа свој целовечерен концерт ќе одржи групата која ги освои срцата на Европа, на овогодинешното издание на Евровизија во Малме, „Коза Мостра“ од Грција.
„Коза Мостра“
И оваа година влезот е бесплатен.
Фестивалот е потпомогнат од Министерство за култура на Република Македонија, Општина Охрид и спонзори.