На државното првенство на Австрија во пливање во јуниорска и училишна категорија, што деновиве се одржа на олимпискиот базен во градот Енс, извонреден настап имаше македонската пливачка надеж Тамара Трајковски. Taa во конкуренција на пливачки родени 2000-2001 година освои две бронзени медаљи во нејзината најдобра дисциплина грбно.

Во трката на 100 метри грбно, во финалето, Тамара која настапува за SC Austria до медал доплива со личен рекорд 1:15,39., а на 200м грбно за одличје исплива 2:43,17 мин.


Тамара Трајковски (десно) на пиедесталот

За Државното првенство Тамара со нејзиниот клуб напорно се подготвуваше во Италија и Австрија.

По најголемиот натпревар оваа сезона, Тамара ќе паузира еден месец, кој ќе го искористи за одмор во Охрид, а веќе во септември ја очекуваат нови спортски предизвици.

OhridNews