
Негова публика беа и се уште се сите од седум до седумдесет и седум, неговата музика и прекрасниот глас никого не оставаа рамнодушен. Во својот краток живот Тоше направи многу на многу полиња. Да беше жив му предвидуваа блескава светска кариера. За жал многу песни останаа неиспеани, но сепак по неговото заминување беше издаден првиот негов албум на англиски јазик кој забележа голем успех.
Во сите денови од овие изминати две години Тоше беше присутен преку неговата музика, незаборавен од луѓето, неговиот гроб стана светилиште каде реки народ од секаде доаѓаат да му се поклонат. Многумина доаѓаат со приказни дека некогаш и некаде Тоше им помогнал, па сега го посетуваат неговиот гроб и манастирот Свето Преображение, донираат средства и помагаат да се доизгради манастирот, што беше негов сон.
Тоше уште и сонуваше за свет исполнет со верба, љубов и добрина. Така и замина, сонувајќи. Во годините што доаѓаат нам ни остави во аманет да го живееме неговиот сон.
Јасминка Т. Момироска












