Денеска се навршуваат две години од смртта на доајенот на охридското новинарство Никола Маневски.
Градејќи ја својата речиси четиридецениска кариера, Никола Маневски остави неизбришлива трага во македонското и охридското новинарство. Овој хроничар со истенчено чувство за пишување, високо одговорно ја извршуваше својата професија, поставувајќи стандарди на работа и однесување кои се пример за професионалност.
Неговиот труд е втемелен во “Радио Охрид”, беше дописник на “Вечерње новости” и “Борба”, и основач на информативната служба на “Отекс” и весникот “АМАК-ПРЕС “. Автор е и на исклучително вредни новинарски проекти, кои ќе останат за идните генераци. Како новинар постојано се соочуваше со нови предизвиции, но и со препреки, кои мошне умешно ги прескокнуваше. Беше голем борец за зачувување на достоинството на професијата.
И како портпарол на Општина Охрид, позиција на која го затекна ненадејната смрт, Маневски остана доследен на новинарските начела. Функцијата ја обавуваше крајно коректно и одговорно, но не се плашеше јавно да ги изнесе своите лични ставови по одредени актуелни теми, за што сведочат неговите колумни објавени во медиумите.
По оповод двегодишнината од смртта на Никола Маневски на неговото вечно почивалиште денеска почит изразија колеги од медиумската заедница и пријатели.