
Тоа придонесе „Охридњуз“ да е најчитаниот интернет портал во регионот со просечна посетеност од околу 4.000 уникатни ИП адреси односно околу 20.000 прикажувања дневно (извор: интернет провајдер Google). Весникот секојдневно ја зголемува довербата кај читателите, а за тоа најдобро говори статистичкиот податок на Google stat. според кој www.ohridnews.com, до сега го посетиле 1,4 милиони читатели. „Охридњуз“ е единствениот медиум од Охрид чии информации и фотографии редовно ги користат повеќе национални печатени, електронски медиуми и агенции. Со своето појавување „Охридњуз“ ја пополни празнината во медиумскиот простор во Охрид и поттикна отворање на нови интернет портали со што се збогатува информирањето во Охрид.

бројките говорат
Покрај успешните медиумски остварувања, „Охридњуз“ во своите скромни две години постоење, зад себе има повеќе проекти од општествено значење, посебно од областа на заштитата на животната средина. Ја покрена и успешно ја реализира кампањата за заштита на охридските плажи од цврст отпад, како и проектот за. ревитализацијата на деградираните делови од охридското блато. Несебично ги поддржува сите хуманитарни кампањи на Црвениот крст -Охрид и другите невладини асоцијации, а оваа година весникот беше и коорганизитор на големиот Велигденски турнир во мал фудбал што се одигра во салата „Билјанини извори“, со што на Охрид му е вратен препознатливиот спортски сјај од времето на малиот полигон.

Тимот на Ohridnews
Придонесот на „Охридњуз“ во општествените текови беше препознат од пошироката заедница, за што весникот доби Светиклиментова повелба за 2008 година. Тоа за младиот тим новинари, соработници и веб дизајнери претставува огромна сатисфакција и поттик да продолжи со успешната рабата и во иднина. Кон тоа не обрзувате токму Вие, читателите на „Охридњуз“ со довербата која ни ја укажувате секојдневно. Затоа нашиот успех го споделуваме со Вас, со оние без кои нашата приказна нема ни да постоеше.
За многу години!
Ваш Ohridnews












