Фудбалерите на Баерн Минхен, тимскиот дух и физичката подготвеност на високо ниво ја одржуваат со сајбер тренинзи со голема помош од модерната технологија.

На последните тренинзи „баварците“ имале специјално изненадување откако им се приклучиле легендите на клубот Бастијан Швајнштајгер односно Арјен Робен.

Двајцата не играат повеќе и уживаат во живот после фудбалот. Но тие посакуваат да ја задржат формата и да не дозволат качување на телесната тежина. Тренингот со двете ѕвезди бил забавен и послужил за евоцирање на убави спомени во германскиот клуб.

Швајнштајгер кариерата ја заврши во америчката МЛС лига, додека Робен со фудбалот се збогуваше во Баерн Минхен.

OhridNews