Денес, во 03:50 часот, пред кабаре во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Јавниот ред и мир го нарушиле две лица од охридското село Долно Коњско, кои физички нападнале полициски службеник. Напаѓачите биле совладани, а потоа приведени во полициската станица.

СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.

OhridNews