На 10.05.2023 во 18.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Арбиново и с.Сливово, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 20 годишно лице од с.Франгово, струшко, излетало од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 54 годишната сопатничка од с.Франгово, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од МВР.
Додаваат дека извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews












