На 22.09.2025 во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 18-годишно лице од Охрид и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 23-годишно лице од селото Велгошти, охридско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот и неговата сопатничка, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews