На 28.06.2025 година во 02.45 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведено е 39 годишно лице од Охрид.
Тоj претходно во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон лице од Струга. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 27.06.2025 година во 07.50 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, приведено е 32 годишно лице од Фалса, Република Турција.
Тој претходно, во алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување, а потоа влегол во угостителскиот објект каде, при извршен преглед, полициските службеници, кај него забележаа и му одзедоа нож. Против него се поднесени пријави по Законот за оружје и Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews