При вршење на заедничка контрола од страна на овластени лица на Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид со рибочуварската служба од концесионерот на рибниот фонд од Охридско Езеро – ПАСТРМКА 2012, на 15- ти октомври кај месноста викана Рибница, во водите на Охридско Езеро, затекнати биле две лица кои вршеле недозволен риболов со мрежи.

При вршењето на контролата користена е софистицирана опрема за ноќно набљудување и снимање по што лицата се идентификувани од страна на овластените лица кои ја вршеа контролата. Станува збор за лица на возраст од 29 и 32 години кои во моментот на контролата вршеле вадење на мрежи – мрејци  за лов на белвица од водите на Охридско Езеро, информираат од државниот инспекторат за земјоделство.

Против двет лица од страна на Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид и концесионерот ПАСТРМКА 2012 ги известуваат сите риболовци дека ќе се интензивираат контролите на Охридско Езеро, посебно пред претстојниот мрест на охридската пастрмка, и притоа нема да се толерираат никакви прекршувања на Законот за рибарство и аквакултура и подзаконските акти од истиот, и притоа нема да има толеранција ниту за рибокрадците, ниту за риболовците кои риболоват без риболовна легитимација и дозвола.

OhridNews