Имено, помеѓу возилото на битолчанецот кој се движел кон Битола и товарно моторно возило во бела боја, управувано од непознато лице , дошло до сообраќајна незгода, при што бил скршен ретровизорот од патничкото возило. По незгодата камионот продолжил да се движи во правец на Охрид, а битолчанецот возејќи го стигнал возачот од камионот, кој повикал уште две непознати лица кои биле со друг камион, да дојдат веднаш на лице место. Тројцата лица физички ги нападнале битолчаните, удирајќи ги со раце и нозе по главата и телото. Возачот на патничкото возило бил пренесен во охридската Општа болница и болницата „Св.Еразмо“ каде му е констатирана тешка телесна повреда, фрактура на носна коска и на дланката од левата рака.
СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицата.