Двајца охриѓани „заработија“ кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда”.
– Пријавените, казненото дело го сториле на 26-ти јуни оваа година околу 16 часот во дворно место од куќа, сопственост на лице од Охрид. Тука, пријавените започнале вербална расправија со него, а потоа физички го нападнале. Притоа, првопријавениот фрлил со столица према оштетениот и го удрил во пределот на десната рака, додека второ пријавениот физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на главата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Оштетениот бил префрлен во охридската Општа Болница, каде со извештај на специјалист се констатирани тешки телесни повреди.
OhridNews












