Полицијата случајот на Лебедик го поврзува со грабежот што се случил недалеку од местото на убиството 45 минути претходно. Се претпоставува дека Македонката и самата била цел на двајцата крадци додека со својот велосипед се движела низ улиците на Клиарвотер.
Според информациите објавени во локалните американски медиуми, полицијата посочува дека осомничените се превезувале во поголем седан автомобил.
Лебедик беше убиена во неделата навечер, а нејзиното тело први го забележале жители на населбата.
извор: Makfaks