Од МВР информираат дека вчера, во 16.30 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на влез за село Долно Коњско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Дачија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишен охриѓанец и мотоцикл „БМВ“ исто така охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишо лице од Охрид. Во  незгодата  возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итната помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му е укажана лекарска помош.

Вчера се случила уште една сообраќајна незгода во 14.30 часот во Струга, на крстосница од магистралниот пат А2, со локалниот пат за село Мислешево и локалниот пат за „Еуро Хотел“.

Учествувало патничко моторно возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 75-годишно лице од селото Лескоец, патничко моторно возило „Пежо“ исто така со охридски регистарски ознаки, управувано од 56-годишен жител на Ресен, со постојано живеалиште во Германија, и патничко моторно возило „Јагуар“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 45-годишно лице од село Лабуништа. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 48-годишната сопатничка од „Пежото“ која е од Германија, по што со возило на итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ каде и е укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица-Струга.

OhridNews