Фудбалската федереција на Македонија охриѓанецот Зоран Левески го номинираше во две категории во изборот на најдобрите за 2014 година.
Членот на Железарец, Левески ќе се бори во категориите најдобар тренер и најдобар играч во футсалот.
И во двете категории Левески има предност бидејќи со тимот на Железарец како тренер-играч ја освои двојната круна, а повеќе од успешно ја предводеше селекцијата до 21 година.
Гласот за најдобрите можете да го дадете на официјалната страна на ФФМ или на следниов линк.
Номинирани :
Најдобар фудбалер во Македонија : Борче Маневски (Работнички), Благоја Тодоровски (Работнички), Изаир Емини (Ренова).
Најдобар фудбалерка : Наташа Андонова (Турбине Постдам), Катерина Милевски (Кочани), Накшије Кривањева (Хонвед)
Најдобар тренер во футсал : Зоран Левески (Железарец), Африм Јунузи (Универзитат)
Најдобар фудбалер во футсал : Зоран Левески (Железарец), Кристијан Златковски (Биџо-Куманово), Ферид Агуши (Железарец)
Најдобар фудбалер во младински фудбал : Јасир Асани (Вардар), Михајло Јакимовски (Металург), Даниел Аврамоски (Работнички/Црвена Ѕвезда)
Најдобар судија : Горан Спиркоски, Дејан Јакимовски, Димитар Мечкароски.
Мх.П.